Утрински Весник
Свет

Кремљ: Западот се’ повеќе е вклучен во конфликтот во Украина

Кремљ: Западот се’ повеќе е вклучен во конфликтот во Украина
Ss2

Западните земји секојдневно се’ повеќе се вклучуваат во конфликтот во Украина, но специјалната операција ќе продолжи и Русија ќе ги обезбеди своите интереси, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Очигледно е дека степенот на директно и индиректно вклучување на земјите од колективниот Запад во овој конфликт секојдневно се зголемува“, изјави Песков.

Ss1

Како што додаде тој, испораките на западно оружје за Киев можат само да го продолжат конфликтот на време, „но тоа не може драстично да ја промени ситуацијата“.

„Русија ќе продолжи да спроведува специјална воена операција и на еден или друг начин ќе ги обезбеди своите интереси и ќе ги извршува задачите што ги постави“, рече Песков.

Тој исто така додаде дека е тешко да се каже до кој степен можат да одат западните земји кога станува збор за ескалација на конфликтот во Украина.

„Теоретски, земјите од колективниот Запад треба да се водат од разумот кога станува збор за границата на ескалација, но за жал тоа не е случај овде“, рече Песков.

Претходно, претставникот на Министерството за внатрешни работи на Русија, Ирина Волк, изјави дека специјалните служби на Запад организираат илегални испораки на оружје за Украина.

Ss1

Можете да прочитате

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници

Каталонија поради недостиг на вода гради постројки за преработка на морската вода