Утрински Весник
Економија

Кремљ: Не испраќаме гас во Европа поради санкциите; Гаспром: Не испраќаме поради дефекти

Кремљ: Не испраќаме гас во Европа поради санкциите; Гаспром: Не испраќаме поради дефекти
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Официјален Кремљ и „Гаспром“, пишува „Гардијан“, наведоа сосема различни причини за тоа што гасот речиси една недела не тече низ гасоводот „Северен тек 1“ кон Европа.

dobivaj vesti na viber

Вчера, Дмитри Песков, портпаролот на Владимир Путин, изјави: Санкциите што ги воведоа западните земји, вклучително и Германија и Велика Британија се виновни за прекинот на испораката на гас преку гасоводот Северен тек.

Песков: Нема други проблеми освен санкциите

„Нема други причини кои би предизвикале проблеми со испораката на гас“, рече Песков, а пренесува руската прорежимска агенција „Интерфакс“.

Меѓутоа, истиот ден, заменик-шефот на управата на рускиот „Гаспром“, Виталиј Маркелов, даде сосема друга причина – проблеми со одржувањето. Тој рече дека гасот нема да тече низ Северен тек 1 додека германската компанија „Сименс енерџи“ не ја поправи опремата.

Гаспром: Сименс мора да ја поправа опремата

„Прашајте го Сименс. Тие прво треба да ја поправат опремата“, рече Маркелов на маргините на Економскиот форум во руското пристаниште Владивосток, кога беше прашан кога гасот ќе почне повторно да тече низ Северниот тек на 1 јануари.

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра