Утрински Весник
Свет

Кремљ демантира: Не, Путин и Трамп не разговарале

Kremlj.webp.webp

Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела.

„Тоа е јасен пример за квалитетот на информациите што се објавуваат деновиве, дури и во прилично угледни медиуми. Тоа е целосно невистинито. Чиста фикција. Тоа се само лажни информации“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

На повеќекратно прашање од печатот дали тоа значи дека немало телефонски разговор меѓу Путин и Трамп минатата недела, Песков рече: „Токму тоа го кажав. Немаше разговор“.

Можете да прочитате

Фидан: Турција нема да дозволи планови за поттикнување граѓанска војна во Иран

ИДФ го погодиле нуклеарниот комплекс Телеган, крај Техеран

САД потрошиле над 11 милијарди долари за првите шест дена од војната