Утрински Весник
Спорт

Дејан Недев одликуван во Перу

20241111092655 Big 730x400 78.webp.webp

Претседателот на Македонската традиционална карате федерација, Дејан Недев денес е одликуван со посебно признание од страна на организаторот на Светскиот ИТКФ шампионат и претседател на Перуанската федерација за традиционално карате, г-Дин Џилермо Де Витори, за придонес и развој на традиционалното карате во Перу и Јужна Америка. 

– Тој исто така се заблагодари за учеството на Македонија на СШ во Перу и изрази подготвеност за продлабочување и понатамошна соработка помеѓу Македонија и Перу. Го покани Недев наредната година да одржи карате семинар во Лима, Перу, информираат од МТКФ.

Дејан Недев вчера го освои 4.место во кати за сениори на ИТКФ светскиот шампионат во Лима. 

Можете да прочитате

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување

Македонските ракометари по заверка на пласманот за Светското првенство

Македонските фудбалери против Турција во Истанбул на 1 јуни