Утрински Весник
Свет

Кремљ: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен

Vojnici.jpg

Кремљ реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека испраќањето западни трупи на теренот во Украина не е „исклучено“ во иднина. На вчерашната конференција во Париз, Макрон потврди дека „во оваа фаза нема консензус“ во врска со одлуката, но дека „ништо не треба да се исклучи“.

„Самиот факт дека се разговара за можноста за испраќање одредени контингенти во Украина од земјите на НАТО е многу важен нов елемент“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите на прашањето за изјавите на Макрон.

Тој се осврна и на ризикот од директен конфликт меѓу Русија и НАТО доколку членките на НАТО испратат свои војници да се борат во Украина.

„Во тој случај не би морале да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста (на директен конфликт)“, рече Песков.

Шведска, Чешка и Полска се оградија од изјавите на Макрон. Во меѓувреме, Киев реагираше позитивно на коментарите на Макрон. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак истакна дека дискусијата за потенцијалната интервенција на Западот во војната била добра.

„Ова покажува, прво, апсолутна свест за ризиците што ги носи Европа од милитаристичка, агресивна Русија“, истакна тој.

Можете да прочитате

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот