Утрински Весник
Спорт

Крег Белами прогласи банкрот: Не поседувам ништо, готово е

Крег Белами прогласи банкрот: Не поседувам ништо, готово е

Крег Белами прогласи банкрот. 43-годишниот Велшанец, кој во минатото беше напаѓач на Ливерпул и Манчестер Сити, објави дека повеќе нема пари да ги сервисира долговите во кои западнал. Откако се повлече од фудбалот во 2014 година, направи серија лоши инвестиции и сега го допре дното.

dobivaj vesti na viber

„Последниве 5-6 години живеам под смртна казна, само чекам некој да ме докрајчи, чекав да се отвори вратата и некој да каже денес е денот. Чувствувам дека не можам повеќе да се радувам на ништо. Сè помина. Немам финансиска иднина. Не можам да правам ништо бидејќи не поседувам ништо. Готово е“, се зборовите на некогаш познатиот фудбалер што ги објави британскиот „Дејли Мејл“.

Најпознатите неуспешни проекти на Белами беа градежен проект во „Cefn Coed Road“ во Кардиф и вински бар наречен „Pier 64“. Тој моментално живее во стан во северен Манчестер и работи како помошник на Винсен Компани во Барнли. Неговиот стан е платен од клубот, но тој нема имот.

„Сакам ова да биде предупредување за другите играчи. Знам дека многу луѓе ќе мислат дека сум ги потрошил парите на пиење, коцкање или дрога, но не е така. Не ме интересираат тие работи. За жал, се коцкав со луѓето. Каде и да одиш ти наплаќаат премногу. Каде и да одиш те ограбуваат. Луѓето мислат „не е важно за него, тој има толку многу, нема ни да забележи““, додаде Белами.

„Се чувствував виновен што кажав „да“ кога луѓето викаа за помош, што никогаш не кажав „не“. Сега не ми се јавуваат. Имаше и некои на кои им помогнав да се вратат на нозе, живееја со мене, а потоа ме украдоа. Бевме најдобри пријатели“, ја раскажа својата приказна Крег Белами.

Можете да прочитате

Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига

Три години затвор за братот на Пол Погба за обид за изнуда

Девет лица имале срцев удар или се онесвестиле по тешката повреда на Лесор