Утрински Весник
Свет

Кралот Чарлс Трети во болница поради операција на простата

Picture 1350 660x469

Британскиот крал Чарлс Трети (75) денеска е примен во болница на операција од бенигна хиперплазија на простата, соопшти Бакингемската палата.

-Кралот утрово беше примен во болница во Лондон на закажан третман, се вели во соопштението. Принцезата од Велс Кејт, сопруга на принцот Вилијам, моментално се опоравува од операција на абдоменот.

Според британските медиуми, кралот Чарлс Трети ја посетил принцезата Кејт непосредно пред операцијата.

Можете да прочитате

Над 240 случаи на Западнонилска треска во Европа

Трамп очекува конфликтот со Иран наскоро да заврши, Техеран вели дека американската дипломатија не успеала

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли