Утрински Весник
Свет

Кралот Чарлс по тешка дијагноза, престојува на место кое му дава утеха

62739782 Kralj Charles U Sandringhamu.webp.webp

75-годишниот крал Чарлс за неговото лекување ја избрал Норфолк и резиденцијата Сандрингем како најдобра можна дестинација за неговото закрепнување.

„Претстојот во Сандрингем е утешно за кралот. Во еден од туристичките водичи беше споменато дека тој уживал во појадокот и попладневниот чај таму пред неговите прекрасни градини. Дури и кога куќата е отворена за јавноста, тој сè уште останува таму, а тоа е обично на спратот“, откри добро информиран извор.

За споменатиот имот уште во 2017 година се грижеше кралот, а Сандрингам долго време беше еден од омилените меѓу членовите на кралското семејство.

Во петокот, на Чарлс му се придружија неговиот син принцот Вилијам, принцезата Кејт Мидлтон и нивните три деца. Кејт моментално се опоравува од операција на абдоменот.

За потсетување, Бакингемската палата во понеделникот објави дека на кралот му бил дијагностициран рак за време на престојот во болница поради рутинска операција за зголемена простата. Деталите за неговата болест не се соопштени, но поради тоа тој ги откажа сите јавни ангажмани.

Кралскиот биограф Роберт Хардман откри што би се случило доколку кралот Чарлс Трети повеќе не може да си ги исполнува обврските и кој ќе одлучува за тоа.

„Ако станува збор за тоа дека монархот е навистина неспособен, тогаш ја имаме „пторката“. Во него повторно се вклучени сопругата на монархот, премиерот, претседателот на Долниот дом на парламентот и двајцата најстари судии во земјата. Тие треба да одлучат дали кралот е неспособен и ако одлучат дека е, тогаш назначуваат некој вид регент. Регентот обично е престолонаследник. Така, во тој случај, Вилијам би станал монарх во се освен по име, така што не е ни потребен процесот на абдицирање. Ние едноставно имаме поинаков систем“, рече тој.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд