Утрински Весник
Свет

Кралот Чарлс: Ќе и служам на земјата несебично како мајка ми

Кралот Чарлс: Ќе и служам на земјата несебично како мајка ми
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британскиот крал Чарлс Трети денеска изјави дека одлучно ќе го следи примерот на неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, во обраќањето пред пратениците пред парламентот, кој го окарактеризира како „жив инструмент на демократијата“.

dobivaj vesti na viber

„Додека стојам пред вас, не можам а да не ја почувствувам тежината на историјата што не опкружува и ме потсетува на клучните традиции на Парламентот на кои се посветени членовите на двата дома за доброто на сите“, рече тој во Вестминстерската сала, најстарата зграда во собранискиот комплекс.

Кралот Чарлс III им се заблагодари на сите за нивното сочувство за неговата неодамна почината мајка.

Како што оцени, кралицата Елизабета Втора го посветила својот живот на „служење на својата земја и народ и одржување на скапоцените принципи на уставната влада што се во срцето на нашата нација“.

„Таа претставува пример за несебично извршување на должноста која со Божја помош и ваша согласност сум решен верно да ја следам“, заклучи новиот британски крал.

Потоа беше интонирана британската химна, а кралот Чарлс Трети со сопругата Камила ќе замине во Единбург, каде што е изложен ковчегот со телото на покојната кралица Елизабета Втора,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“