Утрински Весник
Свет

Кралицата само еднаш го прекршила протоколот, на погребот на принцезата Дијана

Кралицата само еднаш го прекршила протоколот, на погребот на принцезата Дијана
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кралицата Елизабета Втора секогаш се држела до протоколот, но во 1997 година, на погребот на принцезата Дијана, таа го прекрши кралскиот протокол – кога ковчегот помина покрај неа, таа ја наведна главата.

dobivaj vesti na viber

Тоа беше прв и единствен пат кралицата јавно да се поклони на друга личност, пишуваат медиумите и додаваат дека со овој чин и оддала почит не само на Дијана, туку и на својот народ.

Кралицата Елизабета излезе од вратите на палатата, чекаше и гледаше како ковчегот на Дијана обвиен со знаме го носат во Вестминстерската опатија.

Коментатор на „Би-Би-Си“ истакна дека овој потег е „уште едно отстапување од кој било познат протокол“.

Кралицата Елизабета почина на 8 септември 2022 година во замокот Балморал.

 

Можете да прочитате

Трамп ја суспендира лотаријата за зелена карта

Грушко: Русија нема да прави компромиси околу НАТО во Украина

Кремљ: Правото и здравиот разум преовладаа во договорот на ЕУ за Украина