Утрински Весник
Свет

Крадец бегајќи од полицијата упаднал во претседателската резиденција во Бон

Крадец бегајќи од полицијата упаднал во претседателската резиденција во Бон

Во обид да ѝ побегне на полицијата, лице осомничено за кражба се обидело да се скрие во друга резиденција на претседателот на Германија во Бон. Според медиумите, крадецот се обидел да се скрие од полицијата во замокот Хамершмит, една од најчуваните згради во Германија.

dobivaj vesti na viber

Затоа биле потребни само неколку минути додека полицијата не го открие и уапси.

Од полицијата за агенцијата ДПА рекле дека се се случило кога претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, поради неколку состаноци, ноќта ја поминал во таа просторија. Од полицијата посочуваат дека во ниту еден момент не постоела опасност за шефот на државата.

Крадецот очигледно не ни знаел во чиј имот влегол кога бегајќи од полицијата ја прескокнал оградата. Полицијата го пронашла како се крие во тревата.

Инаку, по него претходно била распишана потерница за упад во автомобил, а сега ќе добие и пријава за навлегување во туѓ имот.

Вилата Хамершмит во Бон е седиште на претседателот на Германија од 1950 година, а замокот Белви во Берлин е главната резиденција од 1994 година.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција