Утрински Весник
Спорт

Крај на драмата – фудбалерот на Ница е безбеден

Крај на драмата – фудбалерот на Ница е безбеден
Dik 300x250 mk

Фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека, кој се закануваше дека ќе се самоубие, се наоѓа на безбеден.

dobivaj vesti na viber

Французинот бил на вијадуктот Мањан на автопатот М8 и се заканил дека ќе скокне од 100 метри височина. Ја прескокнал заштитната ограда и седел на другата страна.

Според првите информации, се шпекулираше дека на овој потег се одлучил откако му раскинала девојката. Во меѓувреме, неговиот клуб демантираше.

„Приказната за раскинувањето е целосно лажна. Таа нема никаква врска со она што се случува и е надвор од контекст. Нема да даваме дополнителни коментари во врска со оваа ситуација“, изјави од фудбалскиот клуб Ница.

Станува збор за 22.годишен фудбалер кој минатата година пристигна од Локомотив Москва за 12.000.000 евра.

Клубот ги откажа сите медиумски активности кои беа закажани за денеска, а на лице место е испратен психолог. Фудбалските тренинзи се одржаа според планот.

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување