Утрински Весник
Македонија

Ковачки: Ковачевски доброволно да дозволи неговата деловна способност да биде утврдена од страна на суд

Ковачки: Ковачевски доброволно да дозволи неговата деловна способност да биде утврдена од страна на суд

Премиерот, Димитар Ковачевски, доброволно да дозволи неговата деловна способност да биде утврдена од страна на надлежен суд, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

dobivaj vesti na viber

„Најпрвин Ковачевски лажеше дека не бил во војска затоа што бил на школување. Откако беше фатен во лага и во јавноста излезе документ од кој јасно се гледа дека премиерот бил трајно неспособен за воен рок и за одбрана на својата земја во 2001 година, истиот 11 дена бегаше и не даваше одговори. Конечно, истиот пред 2 дена се охрабри и на говорница јавно призна дека тим од лекари во 2000 година утврдиле дека бил трајно неспособен за одбрана на државата во 2001 година.

Од причини што трајната неспособност законски е дефинирана според следното: “доколку наодите и функциите на органските системи на органите и сетилата за подолго време НЕ Задоволуваат, а се оценети со оценка 1, како и во случаите кога е предложена оцена “ограничен за воена служба” по повеќе основи истовремено, и тоа поради намалени функции на сетилата за вид и слух, и душевна запоставеност на граница на нормалното”, а имајќи во предвид дека оваа состојба е трајна и истата може само да прогресира и не може да биде отстранета, како и фактот дека премиерот Ковачевски јавно од говорница изјави дека секогаш бил чесен кон граѓаните, го повикуваме да ја покаже таа чесност и да доброволно дозволи неговата ДЕЛОВНА способност да биде утврдена од страна на надлежниот суд.

Трајно неспособен премиеру Ковачевски, имате можност на народот да му ја покажете вашата чесност и да јавниот интерес го ставите над личните слабости.

Барем еднаш бидете одговорен и не дозволувајте вашата трајна неспособност да влијае на одлуките и процесите во државата.

Трајно неспособен и лажлив премиеру, бидејќи потврдивте дека од лекари имате утврдена трајна неспособност, охрабрете се и лично побарајте утврдување на вашата деловна способност и запознајте ја јавноста со резултатот од истата.

Ние како партија ќе ви оставиме краток, но разумен временски рок да истото го направите и за истото да ја запознаете македонската јавност“, рече Ковачки.

Можете да прочитате

Партиите продолжуваат со презентација на изборните програми, неполна недела до првиот круг од претседателските избори

Близу 1000 набљудувачи, странски новинари и преведувачи акредитирани за следење на Претседателските избори

Филипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома