Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека директорот на ДБКИ, осомничен дека учествувал во земање мито, наместо да биде разрешен од функцијата, тој заминал на службено патување.
„Премиерот Ковачевски сѐ уште го нема разрешено директорот на ДБКИ за кого има сомнежи дека зел мито за упатување лица во мисија во Брисел. А видете до каде оди дрскоста на директорот:
Денеска, на 13 септември, директорот на ДБКИ требало да се појави во Обвинителството за давање исказ поврзан со земање мито за упатување лица на мисија во Брисел.
Меѓутоа, според тоа што до нас го доставија лица што сакаат да останат анонимни, директорот на ДБКИ воопшто не се појавил затоа што тој уште пред 2 дена заминал во Копенхаген, Данска, на службен пат.
Ете толку од почитта кон македонските институции на директорите поставени од оваа Влада. Инвентивно, нема што.
Сепак, помудар потег е да избегаш од распит отколку како оној потег на директорот Муареми кому, откога му поведоа постапка за слично дејание, ѝ поднесе кривична на обвинителката што се осмелила да поведе постапка. Или можеби не?“, напиша Ковачки на „Фејсбук“.