Утрински Весник
Македонија

Ковачевски во Кишињев: Со уставните измени ќе се стави крај на тезата ‘еден народ во две држави’

Ковачевски во Кишињев: Со уставните измени ќе се стави крај на тезата ‘еден народ во две држави’
Img 5587

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, пристигна во Кишињев, Молдавија, каде ќе учествува на вториот Самит на Европската политичка заедница. Премиерот Ковачевски во Кишињев беше пречекан од претседателката на Молдавија, Маја Санду.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски посочи дека на вториот Самит на Европската политичка заедница клучните теми ќе бидат поврзани со изнаоѓање начини како Европа да се поврзе подобро, со цел да се обезбеди подобра комуникација меѓу луѓето, подобри телекомуникациски системи, подобра инфраструктура вклучително и енергетска инфраструктура, како клучни предуслови за политичката интеграција на регионот, особено на земјите од Западен Балкан, како и за забрзување на интеграцијата на земјите како што е Северна Македонија.

Ss1

Во изјавата за медиуми, премиерот Ковачевски посочи дека во текот на денот ќе оствари средби со повеќе државници присутни на вториот Самит на Европската политичка заедница како средба со премиерката на Данска, премиерот на Молдавија и други.

Дополнително, во одговор на новинарско прашање пред почетокот на вториот Самит на Европската политичка заедница, премиерот Ковачевски посочи дека стратешка цел на државата е полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година и дека скрининг процесот треба да заврши многу скоро. Истакна дека земјата ја очекуваат политички одлуки со кои ќе се овозможи отворање на кластерите и поглавјата. Северна Македонија покажа дека низ дипломатија и тешки одлуки успеа да стане земја членка на НАТО, со отпочнати преговори со ЕУ и земја претседавач со ОБСЕ, фактор на стабилност во регионот.

Ковачевски посочи дека Европската политичка заедница не е замена за процесот на интеграција, туку напротив заедница која ќе обезбеди подобра соработка на целиот регион во насока на надминување на предизвиците со кои се среќава Европа, а кои се предизвикани од руската воена агресија врз Украина. Премиерот Ковачевски посочи дека настани како овој денес, се одлична основа за креирање политички одлуки кои ќе обезбедат поголема поддршка за сите граѓани.

„По јасната и многу силна порака на американскиот сенатор Марфи и амбасадорите во државата, вклучувајќи ја тука и американската амбасадорка, холандскиот амбасадор во делот на интеграцијата на државата, сега сметам дека на сите во нашата држава им е јасно дека прво, имаме предлог преговарачка рамка доставена од 27 земји членки на ЕУ, дека таа преговарачка рамка нема да биде преговарана, бидејќи навистина ги содржи нашите барања кои што ги имавме, а тоа е чист македонски јазик, потврден и со договорот Фронтекс, заштитен македонски идентитет, она што претстои пред нас е една од многуте одлуки до влегување во ЕУ, а тоа е вклучување на други делови од народи во нашиот Устав, вклучително и бугарскиот народ“, рече Ковачевски.

Со тоа, како што рече, смета дека се постигнува уште една многу значајна цел, бидејќи конечно веќе ќе се стави крај на онаа теза којашто беше дека се работи за еден народ во две држави, за прв пат ќе имаме во Уставот и Македонци коишто се веќе, меѓутоа тука сега ќе бидат јасно диференцирани и Бугарите со што таа теза веќе еднаш засекогаш ќе заврши и нема да биде тема на разговор.

„Темата на македонскиот јазик со потпишувањето на договорот Фронтекс, каде што македонскиот јазик е заедно со сите други јазици на земјите членки на ЕУ, одобрени од сите земји членки, вклучително со македонскиот јазик, ја затвори и другата тема, македонскиот идентитет ќе биде дел од мозаикот на културните вредности на ЕУ и со тоа сметам дека веќе е јасно дека пред нас има одлука за Европа или за изолација“, додаде премиерот.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи во Ѓорче Петров: Во европска Македонија нема место за ксенофобија

Спасовски од Шуто Оризари: Граѓаните масовно да излезат на осми мај и да гласаат за бројот 1

Фактор.бг: Има ли заеднички интерес на Белград и Софија за враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт?