Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Со владините мерки и политики европските пазари стануваат подостижни за нашите компании

Ковачевски: Со владините мерки и политики европските пазари стануваат подостижни за нашите компании

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, денеска посетија уште една компанија која средства од ИПАРД Програмата ги вложиле за иновација и трансформација на нивните производствени капацитети.

dobivaj vesti na viber

Компанијата „Фор Лејди“ која се занимава со производство на хулахопки и чорапи започнале проект за развој на иновација и трансформација на бизнис моделот од линеарен во циркуларен. Машините кои ги обезбедиле преку ИПАРД, го зголемиле капацитетот и квалитетот, имаат и дополнителен импакт во производствениот процес, односно ја исфрлаат употребата на пластика и користат енергетски ефикасни машини кои заштедуваат енергија.

„Владата прави сѐ за европските пазари повеќе да не се недостижни за нашите компании. Со мерките и стратегиите кои ги спроведуваме создаваме услови европските земји да се потенцијал за создавање нови партнерства со компаниите од нашата земја. Така вложуваме во економски раст, така ја правиме конкурентна и работната сила од нашата земја. На тој начин правиме младите кои работата во наште домашни компании, нивното знаење, креативност, стручност и експертиза да биде препознаено и ценето на меѓународните пазари“ изјави премиерот Ковачевски за време на посетата.

Можете да прочитате

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава

Левица: Најпрофитните компании исплаќаат срамно ниски плати или немаат ниту еден вработен