Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски со корпа в раце пазареше евтин леб во маркет, друштво му правеше и Бектеши

Ковачевски со корпа в раце пазареше евтин леб во маркет, друштво му правеше и Бектеши
Img 7972

Премиерот Димитар Ковачевски со камери и фотографи отиде во маркет да пазари за да се увери дали има евтин леб. Тој фотографиите ги објави јавно за да увери дека има испорака на полубел и на бел леб со замрзната цена.

dobivaj vesti na viber

„Бев лично да се уверам во фактичката состојба со производството и испораката на белиот и полубелиот леб во маркетите. Го разбирам револтот на граѓаните за потегот од страна на трговците и производителите на леб како реакција на одлуката за замрзнување на цената на белиот и на полубелиот леб на 33 денари, што се одрази негативно на секојдневните потреби на граѓаните“, напиша Ковачевски.

Тој додаде: „Со новата владина одлука за снабдување на лебот со замрзната цена го штитиме стандардот на граѓаните. Ги обврзуваме трговците на мало што продаваат леб во дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80 % од лебот по цена од 33 денари. Пекарниците имаат обврска да го произведуваат и да ги ставаат во промет белиот и полубелиот леб во количина од најмалку 80 % од производството. Граѓаните мора да ги имаат основните производи!“

Можете да прочитате

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

Филипче: Со Горанчо Крстев, Чешиново Облешево повторно ќе биде посакувано место за живеење 

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира