Утрински Весник
Македонија

Ковачевски приреди прием по повод завршувањето на мандатот на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз

Ковачевски приреди прием по повод завршувањето на мандатот на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва приреди прием по повод завршувањето на мандатот на американската амбасадорка, Кејт Мери Брнз.

dobivaj vesti na viber

Премиерот истакна дека амбасадорката Брнз беше присутна во клучен период за земјата и дека секогаш ќе остане пријателка на Република Северна Македонија.

„Нашата соработка изминативе години беше партнерска и блиска, како што и прилега на соработката на две земји, чија врска е силна од денот на воспоставувањето дипломатски односи, но и претходно“, рече премиерот Ковачевски.

На приемот присуствуваа министри, експерти и други претставници од политиката и бизнис-заедницата.

Можете да прочитате

ДЗР: Наплатените придонеси не се доволни за покривање на дефицитот во пензискиот систем на државата  

Чавушоглу: Oд Македонија се бараше да го промени знамето, името и сега се бара да прифатат дека не се Македонци

Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот