Утрински Весник
Македонија

Ковачевски по повод 80 од погромот на македонските Евреи: Да не се повтори и да не дозволиме нетолеранција, антисемитизам и фашизам

Ковачевски до Ковачки: Не бев во војска поради абдоменален проблем, ти си кодош и дезертер

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по повод одбележувањето на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка, порача дека никогаш не смее да се повтори ужасното зло од 11 март 194 година, кога започнува депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка.„Згаснатите животи на 7.144 деца, жени и мажи Евреи од нашата држава, меѓу трагичната загуба на над шесте милиони Евреи кои злосторнички се убиени во нацистичките логори низ светот, ќе остана засекогаш вклучен аларм за човештвото. Не смееме да дозволиме каков било облик на нетолеранција, антисемитизам, фашизам. Денес, кога светот се соочува со современи форми на агресија, исклучување, говор на омраза, поттикнати од национални, етнички, верски различности и неправедни наметнувања на едни народи и држави над други – сите сме повикани да бидеме гласни во осудата на овие недемократски пракси во 21 век“, порача премиерот Ковачевски во својот пост на Фејсбук, додавајќи дека Северна Македонија отсекогаш била – и денес е на вистинската страна на историјата и со изградбата на Едно општество за сите, продолжува да биде успешен модел за одржување и унапредување на еднаквоста, мирот и стабилноста во Европа и во светот.

dobivaj vesti na viber

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме