Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Пленковиќ: Македонија и Хрватска се цврсто посветени на промовирање на заедничките вредности

Ковачевски-Пленковиќ: Македонија и Хрватска се цврсто посветени на промовирање на заедничките вредности

Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, во Минхен, остварија средба со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. На средбата, премиерите разговараа за одличните билатерални односи, како и интензивниот политички дијалог и конструктивна соработка во сите сфери од заеднички интерес.

dobivaj vesti na viber

Двајцата премиери констатираа дека како НАТО сојузници, Македонија и Хрватска се цврсто посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности, одговорност кон НАТО и придонес во меѓународните мировни операции. Премиерите споделија заеднички ставови и приоритети во однос на состојбите на регионално и мултилатерално ниво, пред сè за стабилност и напредок на Регионот.

Ковачевски му се заблагодари на Пленковиќ за цврстата и континуирана хрватска поддршка во евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Можете да прочитате

Скопјанка се обидела да избега од Црна Гора откако усмртила куче, уапсена на граница

Претседателот на опозициската турска партија му честиташе на Зејнула за министерската функција

Мистериозна бела пена во Вардар – се испитува дали станува збор за опасна материја