Утрински Весник
Економија

Ковачевски-Павлова: Со проекти од енергетиката, инфраструктурата и животната средина, до побрза интеграција во ЕУ

Ковачевски-Павлова: Со проекти од енергетиката, инфраструктурата и животната средина, до побрза интеграција во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, се сретна со делегација од Европската инвестициска банка, предводени од заменик-претседателката на банката, Лилјана Павлова.

dobivaj vesti na viber

На средбата присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Заеднички беше констатирана досегашната успешна соработка на државата со Европската инвестициска банка, со надеж дека таа соработка ќе се прошири и во други области.

На состанокот се дискутираше за поддршката која Европската инвестициска банка ја обезбедува за реализација на клучните проекти во јавниот сектор од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, како и проекти од областа на зелениот развој и зелената транзиција на земјата.

Во оваа насока, претставниците на Европската инвестициска банка нагласија дека продолжува поддршката на државни проекти, како и на приватниот сектор.

Заеднички беше истакната важноста за реализација на проектот за изградба на гасниот интерконектор со Грција и реализацијата на делницата во земјата, при што, беше оценето дека оваа инвестиција ќе придонесе за стабилност во снабдувањето со енергија, што ќе обезбеди раст на земјата и побрза интеграција во енергетскиот пазар во регионот, како и во Европската Унија.

Беше потенцирана и важноста на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, кој е поддржан и преку инвестициски грант во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), со што ќе се обезбеди подобрување на квалитетот на условите за живот на жителите на главниот град, но и пошироко.

Премиерот Димитар Ковачевски, на средбата, се заблагодари во име на Владата, за континуираната поддршка на Европската инвестициска банка на државата, со што, оваа значајна меѓународна финансиска институција придонесува во процесот на пристапување на земјата кон ЕУ.

Европската инвестициска банка е активна во Република Северна Македонија уште од 1991 година, обезбедувајќи над 1,1 милијарди евра, финансиска поддршка за претпријатијата, како и за проекти од областа на транспортот, енергијата и инфраструктурата.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска: Родовата еднаквост не само квантитативно, туку и квалитативно ќе го поттикне економскиот раст

(Видео) Деспотовски за „Реално“: Во последните три години имаме две милијради инвестиции, а бројот на вработени во ТИРЗ го зголемивме тројно

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип”