Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес

Ковачевски: Парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес
Dik 300x250 mk

Не само што пратениците се слободни да одлучуваат во согласност со добиениот мандат туку ќе порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес, изјави премиерот Ковачевски за време на посетата на Преспа.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, отворени се вратите за сите партии кои што се за концептот за европска Македонија.

„Се разбира дека кога зборуваме за Алијанса за Албанците треба да зборуваме дека таа соработка може односно треба да се направи врз основа на програмски политики и кадровски, за коишто се уште нема комплетни разговори“, рече премиерот во одговор на новинарско прашање.

Премиерот смета дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е човек што со лага сака да прикрие друга лага,  коментирајќи ја изјавата дека паракриминални структури вршат притисок врз пратеници на власта, кои сакаат избори.

„Пред една година Мицкоски шеташе во Собранието велејќи дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, а потоа го видовме таа вечер на клиника. И пред Нова година рече дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата за сега да каже дека полукриминални структури, рече Ковачевски.

 

Можете да прочитате

Висок број неважечки ливчиња во вториот круг: Во Скопје секое 16-то ливче било неважечко

Пијан крушевчанец со возилото удрил во паркиран автомобил и избегал, полицијата го приведе

ВЛЕН: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!