Јас сум рационален оптимист, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање поврзано со уставните измени и како ќе обезбеди двотретинско мнозинство за нивно изгласување.
„Јас сум рационален оптимист а тоа значи дека верувам во остварување на целта и работам на нејзинот оставрување. Во однос на нашето натамошно пристапување во ЕУ по завршувањето на скрининг процесот следува отворањето на поглавјата а еден од условите за отворање на поглавјата е усвојување на уставни амандмани за вклучување на други делови од народи во нашиот Уставот“, рече Ковачевски.
Оценува дека сите политички партии имаат обврска кон гараѓаните тоа прашање да го имаат како врвен приоритет на својата политичка агенда.
Европското пристапување на државата не може да биде заложник на кариерата на еден човек или на една политичка партија. Се работи за стратешко прашање, кое не е прашање ниту на еден човек, ниту на една политичка партија, ниту на една влада, туку тоа е процес кој што ќе трае. Ние после ова двотретинско гласање ќе имаме уште такви гласања и не може овие гласања да бидат предмет на било која политичка партија во иднина“, нагласи Ковачевски.