Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Очекувам денес функционерите на Демократски сојуз да си поднесат оставки, се надевам дека Трајанов нема да стане заложник на Апасиев

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори какви барања доби од тиранската средба

Напуштањето на владиното мнозинство на Демократски сојуз не е изненадување за премиерот Димитар Ковачевски. Трајанов го најавил излегувањето од Влада во петокот на средба со премиерот. Ковачевски денес од Ресава, тиквешко, порача дека одлуката на Демократски сојуз не претставува нарушување на силината и на стабилноста на владејачкото мнозинство.

dobivaj vesti na viber

„Ме радува што Демократскиот сојуз останува на европскиот пат и на поддршка на такви одлуки, што не можеше да се потврди досега во праска, освен декларативно, бидејќи видовме дека и вчера не го гласаше пратеникот на Демократски сојуз договорот ФРОНТЕКС, за жал. Сепак има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса. Тој тоа го најави во петокот кога имавме средба со него но сакаа да го соопштат самите. Очекувам нивните функционери во текот на денот да ги поднесат своите оставки. Тука пред се мислам на заменик-министерот за локална самоуправа. Се надевам дека како искусен политичар господинот Трајанов нема да се доведе во ситуација како Мицкоски да стане заложник на Апасиев“, рече премиерот Ковачевски кој денес во Ресава присуствуваше на закројување лозје.

Премиерот уверува дека владиното мнозинство е силно и очекува реконструкцијата на Владата да помине со над 64 гласови.

Можете да прочитате

Клиниките за Кардиологија и Неврологија добија нови директори

Нови камери за мерење брзина на автопатот Кичево – Охрид

Нови камери за мерење брзина на автопатот Кичево – Охрид