Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од неговиот рејтинг кој го има според анкетата на ИРИ. Не сакаше да го коментира тоа што експремиерот и бегалец Никола Груевски, има најдобар рејтинг споредено со сите политичари. Според анкетата на ИРИ, популарноста на Ковачевски е пет проценти, а поголем процент на популарност имаат Груевски, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Зоран Заев.
„Во делот на личните рејтинзи, тоа секако има влијание. Јас нема да го коментирам личниот рејтинг на било кој политичар. Јас можам да го коментирам мојот, кој би кажал дека нашите граѓани знаат да препознаат кога некој го вложува целиот труд, напор и енергија кога во време на најголема криза се грижи за економска стабилност, обезбедување на енергетска стабилност и топлинска енергија. Анкетата опфаќа 10 месеци од моето назначување во Владата, свесноста растела со прилично голем процент. Во однос на политичките рејтинзи и тоа е респектибилно, со оглед на 10 месечното раководење со Владата“, вели Ковачевски.
Довербата во правосудството која е 4%, односно бележи пад од 4% споредено со претходната анкета која беше спроведена. Но, Ковачевски смета дека не треба да ја коментира зошто нема поврзаност со истата. Упати медиумите одговори да бараат од правосудната власт.
„Во однос на правосудството, тоа е прашање за правосудните органи. Ние имаме независна правосудна власт“, додаде Ковачевски.
Тој смета дека од анкетата има корисни заклучоци, а има оправдување и за деловите каде Владата и СДСМ имаат лоши рејтинг.
„Од анкетата можат да се извлечат корисни заклучоци кои треба да послужат на секого кој е опфатен со таа анкета, да го моделира своето работење во иднина. Во однос на контекстот и периодот, се работи за септември-октомври. Голем дел од преговорите не ме изненадуваат со оглед дека тоа беше период на прифаќање на европскиот предлог во Собранието, односно веднаш по прифаќањето. Тоа се случуваше во јули, а анкетата е од септември. Тоа влијае на перцепцијата. Имаше голема хистерија во однос на европскиот предлог. Важен заклучок е дека сепак граѓаните во огромен процент, ¾ се за зачленување на Македонија во ЕУ. Не гледаат друга алтернатива, освен мал процент кои алтернатива гледаат во евро-азиска унија која ја промовираат од Левица. Има уште еден значаен податок, а тоа е дека во анкетата не се опфатени подоцнежните одлуки кои се случија по завршувањето на истражувањето, а тоа е потпишувањето на договорот ФРОНТЕКС и воведување на чист македонски јазик“, додаде Ковачевски.