Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Ковачевски не сака прашања за внукот на Ахмети, вели прашајте ме за моите внуци

Стоилковски: Ковачевски е заложник на ДУИ и на Али Ахмети
300x250 opst2

Премиерот денеска не одговори дали разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за последните настани со ставањето на градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко на црната листа на САД и обвинувањата за купувањето на зградата на „Соравиа“ во центарот на Скопје од страна на неговиот внук. Новинарите ги упати сите прашања за случајот со Мерко да се бараат во Обвинителството и во судовите.

dobivaj vesti na viber

– Имав изјава во однос на градоначалникот на Струга и ги повикав сите надлежни институции во рамки на своите законски надлежности да делуваат за да го направат се она што е пропишано според закон. Владата не е ниту Обвинителство, ниту суд. Второ, ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар. Мене можете да ме прашате за моите внуци, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање пред трибината во Куманово.

За случајот со Мерко повтори дека наводите поради кои градоначалникот на Струга е ставен на црната листа на САД се сериозни.

– На крај излезе дека веќе постоеле случаи во Обвинителството. Ќе отидете во Обвинителство ќе ги прашате. Обвинителството е независно, па во судовите. Одговорите на прашањата не се во Владата, рече Ковачевски.

Можете да прочитате

Паднаа двајца браќа – полицијата дома им најде дрога

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден 

38-годишен маж загина во сообраќајка во кратовско, двајца тешко повредени