Претседателот на Владата Димитар Ковачевски попладнето во Софија имаше работен состанок со Претседателот на Република Бугарија Румен Радев.
На состанокот на кој присуствуваа и министрите за надворешни работи и за економија Бујар Османи и Крешник Бектеши, како и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија Бранко Азески се разговараше за заедничко надминување на предизвиците со енергетската криза и продлабочување на соработка на двете земји.
![]()
Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека владината делегација допатува во Република Бугарија да најде решенија за справување со енормниот раст на цената на електричната енергија, да се помогне стопанството кое е на слободниот пазар, да може да го издржи високиот раст на цената на електричната енергија на светските берзи.
Справување со последиците од светската енергетска криза е приоритет. Од бугарска страна беше истакнато дека во тешки денови треба да си помагаме меѓусебно, бидејќи станува збор за справување со последиците од најголемата глобална криза која ја паметиме во поновата историја.



