Утрински Весник
Македонија

Ковачевски на Самитот на земји од Западен Балкан во Тирана

Ковачевски на Самитот на земји од Западен Балкан во Тирана

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од Западен Балкан, денес ќе учествува и ќе говори на Самитот за Западен Балкан  – Европска Унија во Тирана, Албанија.

dobivaj vesti na viber

Учесниците на Самитот ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји. На Самитот е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да потпишат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедува подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел-дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ ги откри кандидатите за 16 општини – Куманово и Центар поддржани од коалицијата ЗНАМ

Шумска мафија: Кривична пријава за шестмина за штета од над 170.000 евра

Во Македонија денеска регистрирани 17 пожари – два сè уште активни