Утрински Весник
Македонија

Ковачевски најавува просечната плата поголема од 1.000 евра во наредниот мандат

Screenshot 2024 02 23 152532 768x424 1.png

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, при денешната посета на компанијата „Киел Македонија“, во ТИРЗ зоната во Тетово, пред новинарите истакна дека останува заложбата на неговата партија за развој на економијата и раст на платите за благодет да имаат граѓаните отсликан низ подобар животен стандард. -Од вчера просечната плата е рекордно највисоко ниво, 40.000 денари, тоа се 650 евра, што е за  360 евра повеќе од 2017 година. Рекордна минимална плата од над 22.500 денари ќе се обезбеди со следното усогласување согласно Законот за минимална плата, што ќе стапи на сила идниот месец. Тоа е за 180% зголемување споредено со претходно кога  минималната плата беше 8.050 денари, посочи Ковачевски. Ковачевски се осврна и на фактот дека сите подобрувања кои се случија за време на Владите предводени од СДСМ се само поттик за уште попосветена работа во наредниот период. -Овие подобрувања не значат дека ние ќе застанеме тука, напротив, во наредниот период, во мојот втор мандат како претседател на Владата, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра. И ова, ве уверувам дека со правилни политики е достижно, како што покажавме дека овие историски највисоки нивоа кои денес ги имаме, се исто така достижни. Јас често велам, со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024 година е можно и остварливо. Но, како што знаете, тоа ветување, СДСМ го оствари со уште поголем износ. Така ќе биде и овој пат со ветувањата кои ќе бидат дел од предизборната програма на претстојните избори, порача претседателот на СДСМ.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер