Утрински Весник
Македонија

Ковачевски му одговори на Радев: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

Ковачевски: Владата и ЕСМ обезбедија стабилно снабдување со струја и парно во услови на најголемата светска енергетска криза
Dik 300x250 mk

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав. Вака македонскиот премиер Димитар Ковачевски одговори на денешната провокација на бугарскиот претседател Румен Радев.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски е дециден дека уставните измени се дел од преговарачаката рамка со ЕУ и ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија.

„Тоа е нешто што ќе тече како процес и треба да се случи за граѓаните да станат дел од Унијата“, категоричен е Ковачевски.

Премиерот не сакаше дополнително да ја коментира споредбата на политичкиот дискурс на Бугарија со Русија што ја направи вчера на самитот на Советот на Европа, а која предизвика лавина реакции во Софија.

На прашањето за барањето на Алијансата за Албанците за смена на формулацијата „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“, Ковачевски рече дека се води дискусија во рамките на работната група за уставните амандмани. Сепак, смета Ковачевски, приоритет е да се исполнат условите што произлегуваат од преговарачката рамка и затоа треба да се држиме до тоа.

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца