Утрински Весник
Македонија

Ковачевски, министри и пратеници гости на Ифтар вечера кај Битиќи

432094489 843891667749146 5862923211622974429 n.jpg

Екс премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, бројни министри, министерки, пратеници и пратенички вечерва беа гости на ифтар кај вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи.

„Денешниот пост го завршив со Ифтар вечера со дел од пријателите, соработниците и партиските другари. Заеднички се потсетивме на универзалната вистина дека љубовта и добрината немаат граници. Светиот месец Рамазан нè учи на универзалните вредности на емпатија и солидарност, потсетувајќи нè на важноста да се допре до оние на кои им е потребна и да го негуваме чувството за заедништво кај сите луѓе, без разлика на вера или потекло“ напиша Битиќи на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Уапсениот директор оди 30 дена во притвор

Ограбена златара во Тетово – 24info.mk

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра