Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Лосон: Обединетото Кралство силно го поддржува натамошниот напредок на Северна Македонија во државните стратешки цели

Ковачевски-Лосон: Обединетото Кралство силно го поддржува натамошниот напредок на Северна Македонија во државните стратешки цели

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава, Метју Лосон.

dobivaj vesti na viber

На состанокот е изразена силна поддршка од Обединетото Кралство за натамошен развој на нашата земја, согласно државните стратешки интеграциски цели.

„Констатирано е дека граѓаните на Северна Македонија имаат конкретна можност, појасна од кога било, за унапредување на квалитетот на живот, а државата за економски напредок и дека ваквите околности бараат политичка храброст и зрелост во одлучувањето за натамошните чекори.

Оценето е дека Република Северна Македонија е значаен фактор на стабилноста и безбедноста во Западен Балкан, како и во поширок геостратешки контекст и е истакната важноста од натамошен придонес на земјава во безбедносниот контекст.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционалното, долгогодишно и искрено пријателство помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, што се одразува со поддршка за сите клучни процеси од значење за демократскиот и економскиот развој на Република Северна Македонија“, велат од Владата за средбата.

Можете да прочитате

Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

ЦУК: Активни 4 пожари, под контрола 7 и 19 изгаснати

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност”