Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Имаме историски ден, започнуваме изградба на автопатишта од 110 километри

Ковачевски: Имаме историски ден, започнуваме изградба на автопатишта од 110 километри

Денес имаме историски ден во кој Северна Македонија започнува изградба на автопатишта во должина од 110 км, кои што ќе бидат со врвен квалитет и кои конечно после онаа запоставеност конечно ќе имаме држава која што ќе има и коридор 10 завршен и коридор 8 завршен, рече премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција.

dobivaj vesti na viber

„Од држава која е во центарот на Балканот наместо како до пред извесно време кога бевме кружен тек отколку раскрсница сега конечно ќе станеме раскрсница, бидејќи со изградбата на коридорот 8 автопатот кон Албанија и со изградбата на коридорот 10, експресниот пат кон Крива Паланка и Гранит, со изградбата на железничката пруга кон Бугарија и со изградбата на ЖП кон Албанија СМ конечно ќе ги има двата коридора кои ќе ја направат раскрсница и ќе имаме излез на 3 пристаништа“, рече Ковачевски.

Кога зборуваме за инфраструктурно поврзување, тоа значи и поврзување со енергенси, додаде Ковачевски.

„Ние покрај ова веќе го поврзавме конечно гасоводот од Жидилово до Битола, тој е завршен и затоа сега Битола влегува во втора фаза на гасификација на градот бидејќи градот Битола, од 84-та како е почнат РЕК Битола да се прави, конечно има гас во Битола. Второ, на крајот на оваа година ќе започне изградбата на гасоводот од Грција кон Северна Македонија. Тоа значи дека нема да имаме само еден гасовод туку 2 гасоводи. Доколку од Албанија почне да се прави и трет гасовод со оглед на плановите за ЛНГ терминали во Албанија тогаш ќе имаме и 3. Со тоа ќе станеме држава која конечно ќе биде раскрсница и центар на Балканот. Тоа се стратешките проекти кои ако ги нацртаме на мапа, тогаш ќе го видите нивното значење и за постојниве компании и за идните компании“, рече Ковачевски.

Потенцираше дека од прв ден се соочува со кочници и блокади.

„Овде единствено се зборува како нешто да не се направи. Јас од прв ден откако сум дојден зборувам како нешто да се направи. Од прв ден како сум дојден се соочувам со кочници, цел ден опозицијата нешто блокира, цел ден вади лажни вести, се шири некаква хистерија. Од проект од којшто имаме 1.3 милијарди, со обезбедено буџетско финансирање, со поддршка од САД, кај нас главна тема е дали некој, некаде во некоја друга држава имал кривична. Па ако имал нека му се поднесе и нека го гони обвинителство“, истакна Ковачевски.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена