Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Хан: Сигурна европска иднина значи политичка и економска стабилност за Северна Македонија

Ковачевски-Хан: Сигурна европска иднина значи политичка и економска стабилност за Северна Македонија

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на третиот Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) оствари средба со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан.

dobivaj vesti na viber

На средбата на која присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир, во фокус на разговорите беа евро-интегративните процеси на Северна Македонија и важноста од претстојниот процес на усвојување на уставните измени.

Беше подвлечено дека Северна Македонија треба да ја препознае важноста на историскиот момент пред којшто се наоѓа и неопходноста да се направи исчекор во евроинтеграцискиот процес кој за граѓаните ќе обезбеди сигурна европска иднина.

Поддршката на Европската Унија за Северна Македонија е резултат на силната посветеност што Владата континуирано ја покажува во спроведување на реформските процеси, а процесот на преговори со ЕУ позитивно ќе влијае и на севкупниот бизнис амбиент.

На средбата беше нотирано дека процесот на интеграција значи и темелни промени, усогласување на институционалните, економските и правните рамки со законите, регулативите, стандардите и политиките на ЕУ. Тоа ќе овозможи раст на БДП, намалување на невработеноста, пристап до пазарот на ЕУ, кој опфаќа над половина милијарда граѓани во економија со бруто домашен производ (БДП) од околу 13 трилиони евра, раст на странските директни инвестиции, раст на минималната и просечната плата, како и зајакнување на политичката стабилност, безбедност и општото меѓународно позиционирање.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)