Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Фронтекс ги штити нашите граници, нашата безбедност и нашиот македонски јазик и идентитет

Ковачевски: Фронтекс ги штити нашите граници, нашата безбедност и нашиот македонски јазик и идентитет

Со потпишувањето на Договорот со Фронтекс и неговата ратификација, статусот на македонскиот стандарден јазик се издигнува на рамноправно рамниште со сите други јазици кои се зборуваат во Европската унија, а нашата култура, јазик и идентитет, се признати и препознаени и во меѓународни рамки, порача претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на свеченото одбележување на почетокот на „Заедничката операција на Фронтекс во Македонија“.

dobivaj vesti na viber

„На овој начин, македонскиот јазик и идентитет се неприкосновени и втемелени во европското законодавство. За нас Фронтекс значи заштита на нашите граници, значи заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава, значи навремен одговор за сите безбедносни ризици по нашата земја, значи безбедност и мирен сон за нашите деца, значи контрола на миграциските движења, значи справување со меѓународниот криминал, значи признавање на нашите цврсти заложби за зачувување и промовирање на македонскиот јазик на нашиот евроинтеграциски пат, значи можности за примена на професионални европски стандарди и зачувување на меѓународниот мир и безбедност. Бидејќи, како што гласи еден од постулатите на Фронтекс -„служиме на интересите на граѓаните бидејќи се грижиме за луѓето и веруваме во европските вредности““ изјави Ковачевски.

Тој додаде дека Македонија е препознаена од меѓународната заедница како фактор на стабилност во регионот и кредибилен партнер во зачувувањето на регионалната стабилност. Имаме исклучителни постигнувања на регионален и меѓународен план, а Македонија преку конкретни чекори покажува успеси наспроти сите деструктивни тенденции, рече Ковачевски.

„Со успешна, заедничка работа, со заеднички сили заедно со нашите сојузници и стратешки партнери стоиме храбро пред предизвиците и одиме по патот кој нѐ води до посветла, просперитетна иднина за сите наши граѓани. Со решителни чекори, продолжуваме со европската агенда, продолжуваме со исполнување на сите неопходни критериуми за членство во Европската унија, како и усогласување на нашето со европското законодавство. Свесни сме за предизвиците, свесни сме и за тежината со која понекогаш треба да се носат храбри и вистински одлуки како во минатото така и во претстојниот период.

Свесни сме и за дезинформациите и за лагите кои што ги имало, ги има и ќе ги има во иднина. Меѓутоа нема враќање назад кога верувате во праведна и кога верувате во голема цел. Единствениот стабилен и безбеден пат за нас е ЕУ“ истакна Ковачевски.

Тој му се заблагодари на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за неговата истрајност минатите 5 години и неговиот тим и преговорите за склучување на договорот Фронтекс, за зачувување на националните културни и идентитетски и јазични црвени линии на македонскиот народ.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика