Утрински Весник
Македонија

Ковачевски домаќин на Фон дер Лајен: Силна поддршка за забрзана интеграција и полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ

Ковачевски домаќин на Фон дер Лајен: Силна поддршка за забрзана интеграција и полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска е домаќин на делегација предводена од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски ја пречека претседателката Фон дер Лајен на платото пред Владата, од каде се упатија на тет а тет средба, на која разговараа околу веќе отпочнатите преговори за полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија како и тековниот скрининг и неопходната работа која Северна Македонија ја очекува во претстојниот период.

Дополнително, се разговараше и за справувањето со енергетската криза, како и за поддршката која Европската Унија ја овозможува за заедничките мерки за справувањето со последиците од кризата.

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври