Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Членството во НАТО го крена меѓународниот рејтинг на Македонија и ги зголеми странските инвестиции

Ковачевски: Членството во НАТО го крена меѓународниот рејтинг на Македонија и ги зголеми странските инвестиции

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска во Виена одржа предавање на реномираната дипломатска академија (The Vienna School of International Studies), која е врвен центар на знаење од областа на меѓународните прашања и една од најстарите и најпрестижни професионални школи во светот.

dobivaj vesti na viber

Тој говореше на тема „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“. Истакна дека нашата држава е носител на најпозитивните политички текови и процеси не само во Западен Балкан, туку и во Европа.

,,Членството во НАТО го крена меѓународниот рејтинг на Северна Македонија како во политичка, така и во безбедносно економска и финансиска смисла. Влезот во Алијансата не беше само гаранција за мир и стабилност за Северна Македонија, туку и гарант за македонската економија, за граѓаните, за нашиот целокупен економски раст и развој”, истакна премиерот.

Членството на земјата во Алијансата ги зголемија странските директни инвестиции кои во услови на криза достигнаа рекорден историски износ од 753 милиони евра, што е највисоко ниво на странски дирекни инвестиции во земјата и двојно повеќе споредба со 2016 година.

,,Добрите економски политики на оваа влада носат зголемен економски стандард за нашите граѓани, стабилни и добро платени работни места и простор за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд. Го поддржуваме и развојот на домашните компании, со рекордна исплата на 23 милиони евра државна поддршка, кон 410 компании”, истакна премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека со решавање на спорот со Република Грција и потпишување на Преспанскиот договор, остваривме една од двете стратешки цели на државата, станавме членка на НАТО. Со тоа, рече Ковачевски, успеваме да обезбедиме траен мир и го зацврстивме суверенитетот на државата.

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема