Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски – Џафери: Се заложуваме за реализирање на европската иднина

Img 8303
300x250 opst2

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска, во законски предвидениот рок, ја депонираше оставката во Собранието на Република Северна Македонија, и притоа имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.

На средбата, како што соопштија од Владата, премиерот Ковачевски истакнал дека функцијата претседател на Влада ја извршувал одговорно и посветено, со должна почит кон граѓаните, водејќи се од определбата за обезбедување едно општество за сите, со еднакви права и еднакви одговорности.

– Премиерот Ковачевски, на средбата потенцирал дека ќе продолжи и понатаму да се залага за остварување на европската визија за Република Северна Македонија бидејќи за нас нема друга опција, освен европскиот пат. Заеднички беше констатирана важноста на заложбите за реализирање на нашите европерспективи и обезбедување на сите предуслови за да се трасира нашата европска иднина, се наведува во соопштението.

На средбата се разговарало и за деталите околу формирањето на новата техничка Влада, при што премиерот Ковачевски му посакал успех на претседателот на Собранието, Џафери на премиерското место.

Со поднесената оставка на премиерот Ковачевски, почнуваат процесите за формирање на техничка влада, која ќе создаде услови за одржување на фер и демократски претседателски и парламентарни избори.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја