Утрински Весник
Балкан

Ковач: Движењето „Ние – гласот на народот“ не е распаднато

20240222095004 big 730x400 83.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Еден од седумте основачи на српското движење „Ние – гласот на народот“, Митар Ковач денеска изјави дека движењето не се распаднало и дека в недела ќе се организира изборно собрание, со цел движењето да прерасне во партија.

Ковач за белградски медиуми изјави дека вчерашните настани и фактот што двајцата основачи на движењето, Бранимир Несторовиќ и Александар Павиќ, си заминаа, не ги наруши нивните последователни активности, туку дека тие претставуваат голем удар за движењето.

Според него, во Движењето сè уште се пет основачи, а најголемата одговорност „ја сносат оние што го напуштиле“.

– Несторовиќ сакаше да се наметне како личност која нема да биде меѓу нас седуммината кои управуваме со движењето, туку да ја зграпчи целата моќ за себе, наведе Ковач.

Тој посочи дека изјавата на Несторовиќ дека не го напуштил Движењето, туку само состанокот, е неточна и дека тој веќе тогаш најавил конституирање на „нова политичка организација или своја партија“.

Можете да прочитате

Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава, кои планирале напади за празниците

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун

Во Црна Гора ќе следува затворска казна ако ве фатат со лажна диплома