Утрински Весник
Македонија

Костовски обединува и најавува победа за подобро Куманово

519698102 1381842020617967 1068184261845714213 n.jpg

Во политичка сцена ретко видена последниве години, Мартин Костовски успеа да ги сплоти на заедничка маса клучни и поранешни влијателни фигури поврзани со Куманово: Зоран Дамјановски – Циц, Оливер Спасовски, Слободан „Таче“ Ковачевски, претседателот Венко Филипче, поранешната пратеничка Лидија Тасевска и актуелниот претседател Дарко Ристовски. Фотografiите од средбата лично ги објави Костовски, придружени со пораката: „Силата е во заедништвото, победата е во искрената желба за нормално и подобро Куманово.“

Според Костовски, на средбата со претседателот Венко Филипче и генералниот секретар Александар (Саша) Димитријевиќ се разговарало за сите клучни аспекти од развојот на, како што нагласи, „најголемата општина во Македонија“. Темите, вели тој, ги опфатиле инфраструктурата, локалните јавни услуги, економскиот развој и подобрувањето на квалитетот на живот за жителите.


Костовски испрати и изборна порака: „Куманово ќе победи во октомври, граѓаните ќе си го вратат градот.“ Со ова јасно сигнализира мобилизација пред претстојниот изборен циклус и обид да се создаде фронт на единство меѓу различни генерации и крила на локалната политичка сцена.

Можете да прочитате

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

Средба Николоски- Нупнау: Македонија е силно посветена на изградба и модернизација на транспортните коридори

Советот на Европа бележи раст на пренатрупаноста во европските затвори: Македонија со „умерена пренатрупаност“