Утрински Весник
Македонија

Костовски: Кандидатот на СДСМ ќе биде идниот претседател на државата

Martin kostovski 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

СДСМ како носител на извршната власт има во интерес изборниот процес да понмине во крајно демократски амбиент и демократски услови, зашто не сакаме да се фрли дамка на изборниот циклус на редовните парламентарни избори и претседателските избори, кои се одржуваат по 5 години, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ Мартин Костовски, за „24 Анализа” на телевизија 24.

Костовски додаде дека увертира е со формирањето на техничката влада, во комисијата за избори и именувања се откочи процесот за избор на новиот член на ДИК, кој на следната пленарна седница треба да биде избран со 2/3 мнозинство.

Во интерес е на државата како членка на НАТО алијансата, како држава која преферира да започне преговори ден поскоро и во сите нас кои сме демократи по убедување, борци за една поинаква Македонија, сакаме да нема ниту една дамка на изборите, рече Костовски.

Костовски истакна дека СДСМ е во постапка на именување кандидат за претседателските избори.

Имаме голем кадровски потенцијал, што е наша среќа и наше богатство Предложени се голем дел имиња, од поранешни претседатели на партии, поранешни претседатели на државата, поранешни генерални секретари, истакнати современици во општеството. Јас едно можам да кажам сигурен сум дека кандидатот на СДСМ ќе биде личност, којашто ќе биде идниот претседател на државата, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ Мартин Костовски, за „24 Анализа” на телевизија 24.

Можете да прочитате

Како за 24 часа градот стана 7-ми најзагаден во светот?

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана