Утрински Весник
Македонија

Костадиновска Стојчевска: Во Охрид доаѓа реактивната мисија на УНЕСКО

Dad 8462.jpg
300x250 (7)

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во денешното интервју за ТВ „Слободен печат“ изнесе детали околу статусот во УНЕСКО на Охрид и Охридскиот регион. -Ова е добра прилика да најавам дека утре во Охрид пристигнува и реактивната мисија која што ни беше предвидена и како една задача кога во септември добивме извештај дека го задржуваме нашиот статус, охридскиот регион дека останува на листата на заштитени добра на УНЕСКО меѓутоа следеа неколку чекори кои ние мораше да ги направиме. Првата беше да поднесеме нов ревидиран план за заштита на охридскиот регион, што тоа ние го направивме. Второто беше да донесеме нови измени во законот за заштитување и управување на старото градско јадро на Охрид, и тоа го направивме и тоа е веќе во собраниска процедура, вели Костадиновска – Стојчевска. Министерката посочи дека станува збор за сложен процес, но и за пополнување на одредени празнини што се случувале оод 2010 до 2018 година. -Оваа мисија или еден дел е нешто што секоја земја која е на таа листа на која што се гледа дека се бори со одредени по тешкотии и проблеми. Таа мисија доаѓа и ги посетува сите засегнати места особено во овој случај охридскиот регион. Прави извештај и ние после тој извештај треба да реагираме односно сите засегнати страни мора да ги известиме дека треба да исполнат одредени очекувања или задачи. Точно е дека ова е сложен процес во кое не е само министерството за култура, туку министерството за просторно планирање, тука се вклучени и општините, тука се вклучени и институциите кои се занимаваат не само од областа на заштита на културно наследство туку и од областа за заштита на животна средина. И најголемиот проблем кој што беше наследен е од донесувањето на првиот закон за прогласување на охридското старо јадро за заштитено од 2010 година комисијата која требаше да одлучува по однос на предмет и беше тангирана во 2018-2019 година. Што значи дека тој вакум од 9 години беше навистина многу долг и во тој период се донесоа многу закони кои воопшто не се консултирани со законите кои што владеат во охридскиот регион. Полека, полека тие закони ги усогласуваме што не е лесен процес но имаме некој напредок, посочи Костадиновска Стојчевска.

Ss1

Можете да прочитате

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Села: Или ги прифаќаш уставните измени или треба да кажеш дека не си за членство во ЕУ

До самиот крај на овој месец пролетни, до рано-летни температури и претежно стабилно и сончево време