Утрински Весник
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Скопје денес доживеа и идеолошко-политички земјотрес од самоповиканите квази урбанисти и идентитетски квази инжинери

Костадиновска-Стојчевска: Скопје денес доживеа и идеолошко-политички земјотрес од самоповиканите квази урбанисти и идентитетски квази инжинери

„60 години Скопје на солидарноста возвраќа со љубов и останува отворен град за сите“, порачува во својата објава на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и потсетува дека „Скопје денес се сеќава и нема никогаш да ги заборави своите сограѓани и сите останати кои тој кобен ден, на 26 јули 1963 година ги загубија животите во катастрофалниот земјотрес кога градот беше покосен во урнатини“.

dobivaj vesti na viber

“Цели 60 години на овој ден ги прераскажуваме сеќавањата, личните приказни и трагедии кои говорат за неизмерна болка и тага. Спасителите кои се упатија кон дестинацијата Скопје од каде извираа повици за помош, сведочеа потресни слики додека секоја секунда значеше спасен живот£, напиша Костадиновска-Стојчевска.

Таа потсетува дека во тие трагични моменти целата земја стана единствена во желбата да му помогне на Скопје и во тие моменти најсилно дојде до израз братството и единството на југословенските народи, а потоа и помошта на голем број други земји од целиот свет.

Пружената и прифатената рака подоцна стана симболична претстава за градот кој со сочувството, љубовта и солидарноста на светот важи за парадигма за човечноста која е најмоќната сила за обнова и нов почеток. Така Скопје го доби скапоцениот камен во круната наречен солидарност. Тој скапоцен камен на солидарноста денеска го сведочат бројни објекти, јавни установи, станбени објекти и цели населби кои беа изградени како подарок со љубов за Скопје, пишува во објавата министерката .

„Сите беа обединети околу идејата Скопје да биде град на нова ера, агора на демократијата и форум на слобода. Беа исцртани и поставени темелите на една модерна метропола во која главен двигател е неговиот континуиран развој со обележја коишто проникнуваат и се надоврзуваат на неговата автентичност, нагласува Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура потенцира дека „за жал во децениите што следуваа Скопје доживеа и идеолошко-политички земјотрес предизвикан од самоповиканите квази урбанисти и идентитетски квази инжинери преку проектот „Скопје 2014“.

„Го откорнаа градот од неговата органска поврзаност со вековната, препознатлива приказна на град со отворена и инклузивна урбана средина на различни култури и традиции. Го нарушија единствен ритам на пријателска, комшиска заедница во која солидарноста е нишката која поврзува, напиша Бисера Костадиновска-Стојчевска и додаде дека „ Објектите на Скопје 2014 се како „циркони” кои може да се „светликави”, но тоа не е сјајот на Скопје. Тие кич циркони се симболи на делба, а Скопје не е тоа на ниту еден начин“.

Според министерката „Скопје е град на кој не му личат делбите, град на кој му приличи заедништвото и емпатијата“.

Можете да прочитате

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива по една коловозна лента

Четврти Меѓународен форум на креативни индустрии во Скопје