Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на панел-дискусијата „Инвестициите воинфраструктурата и во културата – траен влог за иднитегенерации”, зборуваше за европските можности кои нудат поврзување на македонската култура и институции со регионот и со Европа, потенцирајќи на важноста заедно да се делува во надминувањето на предизвиците во културата.
На конференција „Година на европски можности”, во организација Владата
министерката за култура рече дека оваа година продолжуваме со претставување на сите активности што ги имавме зацртано преку претставување на сите културни установи и на сè она што го имаме како богатсво како во државата така и надвор од неа. Во таа насока, таа ја истакна активноста на македонските културно-информативни центри во Тирана, Софија, Њујорк, во Загреб.
„Македонската култура е веќе е во ЕУ. Мораме да го завршиме процесот на ЕУ интеграции за да имаме уште поголема соработка во областа на културата, за да можеме да ги дооствариме сите зацртани цели што ги имаме во однос на културната соработка. И, токму затоа велам дека македонската култура одамна е во Европа, ние сме како такви признаени, нашиот јазик, идентитет, историја и култура се признаени во ЕУ , само треба да го завршиме евроитеграцискиот процес со што ќе се овозможи послободно движење на културните работници и за да можеме уште повеќе да се пофалиме со она што го имаме”, рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката за култура посочи дека оваа година, Министерството за култура продолжува со санацијата на спомениците од НОБ и Револуцијата, програма што ја започна минатата година, како и со реконструкција на објектот на Музејот на Македонија, кој се издвојува по вредноста на своите збирки и Галеријата на икони, а кој не е реновиран од кога е изграедн.
Оваа година, Министерството за култура останува посветено во стимулирање на творештвото за млади преку новите конкурси и продолжува да се грижи за континуитетот на секоја дејност со формирањето на 8 нови национални установи.
Костадиновска-Стојчевска на панел-дискусијата за инвестиции во инфраструктурата и културата, ја истакна успешната прва реституција во државата и посочи дека е во тек постапката за враќање на уште 37 идентификувани македонски икони од Албанија во нашата држава.
На панел-дискусијата за заштитата на културното наследство и напредокот во заштитата на Охридскиот Регион говореше директорот на Управата за заштита на култуното наследство, зоран Павлов, а за придобивките од донесувањето на новиот закон за употреба на македонскиот јазик, професорката од Институтот за македонски јазик, Весна Костовска.