Утрински Весник
Скопје

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај „Воена болница”

Ministerka Univerzalna2.jpg

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница” во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од работната група од Министерството за култура и дека денеска постапила по него.

„Во Извештајот е наведено дека издаденото конзерваторско решение не е во согласност со Правилникот што е постоечки по Законот за заштита на културно наследство и затоа предметот го враќаме назад кај првостепениот орган, поточно кај Конзерваторски центар – Скопје, и очекуваме тоа одобрение уште денес да биде поништено”.

Костадиновска-Стојчевска објасни дека работната група, според своите надлежности, вршеше надзор од формално-правен аспект на издаденото конзерваторско мислење од Конзерваторскиот центар – Скопје. Таа рече дека не се работи за одолжување на процесот, туку дека во случајот и друга надлежна институција, а тоа е Управата за заштита на културното наследство, беше повикана да постапи и да изврши надзор, бидејќи тие вршат надзор во однос на Законот за заштита на културното наследство.

 „Тие инспектори, како што кажав и минатата недела, не излегуваа на терен од засега непознати причини, дури вчера беа во Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, и содржината на нивното мислење не ми е позната, но она што беше во наш домен по цела документација што беше прибрана, денес се обративме до Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, разговаравме со в. д. директорката и очекувам во текот на денов, како првостепен орган, како што го донесе решението така и да го поништи.”

Костадиновска-Стојчевска посочи дека за стручниот дел, за содржината на конзерваторското одобрение за посочената парцела кај „Воена болница”, се надлежни стручните институции од оваа област. 

Можете да прочитате

Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

Герасимовски: Започна новогодишното украсување, Центар е прва општина што украсува

За денеска најавено нормализирање на автобускиот превоз во Скопје