Утрински Весник
Свет

Драма во Неапол: се урна дел од патот, автомобили паднаа во провалија, жителите евакуирани од блиската зграда

Ita.jpg

Во неаполскиот кварт Вомеро утрово се урна дел од патот и две возила, од кои едното паркирано, а другото во движење, паднале во провалија, но патниците не се здобиле со сериозни повреди.

На луѓето во автомобилите им помогнале војници ангажирани на патиштата, кои им помогнале на патниците да излезат од бездната, пренесува Анса. Според првите проверки се чини дека дошло до колапс на канализација, некои делови од Вомер останале без вода, а жителите се евакуирани од една зграда.

Во една од околните улици течела вода од балконот, а неколку станови биле поплавени.

Адвокатот Анџело Писани, претседател на здружението на потрошувачи „Нои Конзуматори“, рече дека урнатиот пат е привремено затворен и додаде дека не е првпат ваков инцидент да се случи во Неапол.

Посочи дека граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедно поради дупките на коловозите и заклучи дека поради лошата контрола, водата истекува под земја и со тоа предизвикува големи штети на патиштата.

Можете да прочитате

Пожар во Калифорнија, уништени повеќе од 130 згради, 13. најголем во историјата на државата

Газа: За четири дена борби околу Кан Јунис раселени 180.000 луѓе

Во Франција и утринава нарушен железничкиот сообраќај