Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Ги отфрлам наводите за сомнение за сторено кривично дело, стојам на располагање на институциите

Kostadinovkosta.jpg

Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица, објави на социјалните мрежи екс градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов откако утрово СВР Струмица поднесе кривична пријава против него.

„Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот.

Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса“ пишува тој.

На крајот Костадинов додава дек не би сакал да дава политички коментар за целата ситуација.

Можете да прочитате

Акција на МВР и ФБИ: Во Голема Речица уапсени администратори на нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

ФБИ трага доведе до Тетово: Уапсени двајца за нелегален онлајн пазар, запленети компјутери и телефони

Дуплиран бројот на загинати работници во Македонија