Утрински Весник
Свет

Косовската полиција: Уапсен и вториот напаѓач на полицијата, ситуацијата се’ уште е тензична

Косовската полиција: Уапсен и вториот напаѓач на полицијата, ситуацијата се’ уште е тензична
Dik 300x250 mk

Косовската полиција вечерва соопшти дека надлежните полициски единици го уапсиле вториот напаѓач, кој исто така бил во воена униформа и вооружен со пушки и муниција.

dobivaj vesti na viber

„Досега, според информациите од теренот, убиени се тројца напаѓачи, уапсени се двајца напаѓачи и четворица осомничени кои биле фатени во нелегално поседување радио комуникации, а се сомничат дека се поврзани со терористичка група“, информираат од косовската полиција.

Се додава дека во доцните часови интензитетот на нападите е намален, но дека безбедносната состојба се уште е тензична.

При контрола на одредени локации, станбени згради и возила било пронајдено оружје.

Според овие информациит, станува збор за стотина парчиња оружје од различен тип и калибар, униформи и логистичка опрема, меѓу кои и воено оружје од тежок калибар како гранати, топови, митралези, калашникови.

За потсетување, немирите во Косово почнаа во текот на ноќта саботата кон неделата, кога косовската полиција забележала барикади и вооружена група Срби од Косово кај селото Бањска, по што дошло до конфликт и еден косовски полицаец бил убиен, а двајца полесно ранети.

Лицата од вооружената група околу пладне упаднаа во дворот на Бањскиот манастир, а верниците и свештените лица останаа внатре. Рашко-призренска епархија по неколку часа објави дека групата се повлекла и во манастирот е мирно, но има неизвесност и загриженост кај монасите и верниците.

Во престрелките што траеа во текот на целиот ден, застрелани беа три лица од вооружената група – состојба што српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека можела да биде избегната, а истовремено тврди дека имаат и докази оти косовската полиција брутално ги ликвидирала. Вучиќ вечерва на вонредна прес-конференција изјави и дека групата Срби се побунила поради теророт на Курти и посочи на косовскиот премиер како единствен виновник за состојбите, а  убиството на полицаецот го осуди.

Курти, пак, за престрелките на северот директно ја обвини Србија дека ги финансирала и поддржала напаѓачите, опишувајќи ги настаните како терориризам.

Во близина на манастирот, во хотел има и седум македонски државјани, меѓу кои и дете. Косовска полиција го обезбедува хотелот, велат од МНР.

Меѓународната заедница го осуди убиството на полицаецот и повика да продолжи дијалогот.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот