Утрински Весник
Балкан

Косовската опозиција бара разрешување на Владата на Курти и распуштање на Собранието

20240322131739 Big 730x400 75 1.webp.webp
Ss2

Опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) подготви резолуција со барање за собраниска дебата за тригодишнината од владеењето на премиерот Албин Курти, со која бара оваа влада да го заврши мандатот со оставка и Собранието на Косово да се самораспушти.

Шефот на пратеничката група на ААК, Бесник Тахири на денешната прес-конференција изјави дека оваа власт „успеа само да ѝ нанесе штети на државата и го врати Косово во најтемната точка“.

300x250 (7)

– Ние подготвивме барање за парламентарна дебата за тригодишнината од ова лошо владеење, кое реално успеа само да ѝ нанесе штети на државата и го врати Косово во најтемната точка која никој не можел да ја замисли, рече Тахири.

Според него, премиерот Курти се предал и самиот бара предвремени избори.

– Сепак, радува што вчера премиерот Курти и самиот го кажа тоа и сфатил дека треба да поднесе оставка и земјата да оди на избори. Кога на почетокот на овој мандат претседателот (на ААК, Рамуш) Харадинај рече дека (Курти) е измамник, луѓето гледаа со неверица. Она што ги карактеризира овие три години е дека оваа влада не стои зад ниту една одлука, а како што и самите видовте, премиерот се предаде во третиот мандат и бара земјата да оди на избори, рече Тахири.

Курти вчера изјави дека опозицијата не е способна да ги обезбеди потребните гласови во Собранието за да ја урне Владата и „ѝ понуди“ да ѝ помогне да го стори тоа. 

Ss1

Можете да прочитате

Самарас: Извештајот на Бакојани за Косово не ја претставува Грција

Видеото стана хит: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“