Утрински Весник
Македонија

Косовец возел над 200 км/ч на автопат во Македонија, полицијата го уапси

Radarkaznapolicija.jpg

На 18.05.2026 во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30).

При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски  национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.  


Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против лицето е поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Можете да прочитате

Филков: Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата

Возач на мотоцикл повреден во сообраќајка кај Јурумлери

Средношколка од Скопје психички и физички малтретирана од соученик